full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Aston Martin Rapide AMR – Луксузен седан со четири врати и 603 коњски сили!

Од Aston Martin доаѓаат некои од автомобилите кои се најубавите на планетава – а токму тоа е случајот и со новиот седан со четири врати кој забрзува „до стотка“ за само 4.4 секунди и постигнува 330 километри на час!

Ако сте подготвени да одвоите околу 230.000 евра, AMR дивизијата на Aston Martin ќе ви продаде Rapide AMR.

Што значи тоа? Тоа значи седан со четири врати кој под поклопецот носи 6-литарски V12 атмосферски бензинец кој испорачува 603 коњски сили и 630 Nm вртежен момент. Преведено во перформанси, тоа значи 100 километри на час за 4.4 секунди и максимална брзина од 330 километри на час. Дел од AMR пакетот е редизајниран систем „за дишење“, рекалибрација на моторот и менувачот, адаптирана и пониска суспензија како и карбон-керамички дискови на сопирачките.

За да го издвои AMR од „обичниот“ Rapide, Aston Martin подготви и визуелни измени кои вклучуваат нова маска на ладилникот, преден сплитер, поклопец на моторот, странични прагови и дифузер изработени од карбон, 21-инчни тркала и уште многу ситници.

 

Како што рековме, цените започнуваат од околу 230.000 евра. Побрзајте, најверојатно брзо ќе се распродаде!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.