ПРЕМИЕРА: Porsche 911 Speedster Concept – Славенички подарок! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Porsche 911 Speedster Concept – Славенички подарок!

Овој уникатен Speedster сега за сега ќе остане само концепт, но е дел од прославата која Porsche ја прави по повод 70-годишнината од зачетоците на едно од најлегендарните имиња во автомобилизмот.

Според она што го кажуваат од Porsche, 911 Speedster Concept е дизајниран да ја долови „суштината на брендот“, но истовремено „нуди поглед во потенцијален сериски модел.“ Според гласините, сериска изведба на Porsche 911 Speedster би можела да се појави во текот на 2019.

Но да зборуваме за концептот кој е пред нас. Ќе забележите дека има пократко и позакосено ветробранско стакло, кое оддава почит на старите модели на Porsche. Задниот дел е уникатен – добива карбонска „покривка“ за безбедносните панели, а меѓу „грбките“ има лебдечко трето стоп светло. Карбонски е и поклопецот на моторот, а ќе препознаете и многу ретро детали.

Во кабината 911 Speedster носи карбонски седишта обвиени во кожа, Speedster ознаки на конзолата и мал милион уникатни детали. Со цел да се намали тежината на 911 Speedster, од автомобилот се извадени мултимедијалниот уред и клима уредот – сето со цел подобро да се долови возачкото искуство. Токму тука 911 Speedster би требало да е брилијантен – платофрмата е идентична со 911 GT3, а тоа значи 4-литарски атмосферски боксер-бензинец кој испорачува повеќе од 500 коњски сили!

Добар подарок за роденден, нели?

Видео

Фотографии



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.