full screen background image
Search

Добри вести – цените на горивата се намалуваат за денар и половина!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи од вечерва на полноќ да ги намали цените на горивата за денар и половина.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 2.27%.

Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за по денар и половина. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 72 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 74 денари, а еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 63.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.