full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Новиот Shelby Mustang Super Snake има 800 коњски сили!

Доколку сакате, Shelby може да го навие вашиот Mustang на 800 коњски сили – и со тоа да ја добие титулата Super Snake!

Shelby Mustang Super Snake користи огромен компресор за да му помогне на 5-литарскиот V8 да испорача 710 или – доколку сакате, секако – 800 коњски сили. Втората варијанта овозможува забрзување до 100 километри на час за само 3.5 секунди. Модификациите не завршуваат таму – добивате и специјален систем за ладење на моторот и други измени ориентирани кон перформансите, а ќе добиете и Brembo сопирачки и уникатен бодикит.

Но да не зборуваме многу…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.