full screen background image
Search

Студентите во Škoda го подготвија новиот SUNROQ!

Сонцето изгрева со SUNROQ – тој е слоганот кој Škoda и практикантите го користат за да го најават најновиот студентски проект на чешкиот бренд.

Оваа година тим од 23 студенти кои студираат во сопственото училиште на Škoda во Млада Болескава подготвија уникатен и привлечен концепт. Студентите одлично влегоа во улогите на инженери, внатрешни и надворешни дизајнери, механичари, па и маркетери. Секако, професионалците од Škoda ги следеа студентите во секој чекор за да придонесат со својата експертиза – но она што го гледаме е дело на тим млади ентузијасти.

Секоја година, студентите одбираат еден од сериските модели на брендот како основа и инспирација за да развијат целосно ново возило – а оваа година возилото кое го одбраа беше новиот Škoda Karoq. Студентите решија популарниот SUV да го трансформираат во кабриолет, а со тоа да внесат од сопствениот дух во финалниот продукт. Sunroq е наменет за помладите купувачи кои „имаат активен животен стил и сакаат да уживаат во ветерот во нивните коси и сонцето на нивните лица.“

Името беше избрано со помош на Facebook страницата на Škoda – таму беа дадени многу, многу предлози, но беше одбрано името Sunroq бидејќи тоа највеќе му прилега на концептот на автомобилот. Концептот го придвижува 1.5-литарскиот TSI мотор, но каросеријата е драстично изменета.

Студентите завршиле одлична работа, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.