full screen background image
Search

SEAT подготви специјални Beats изведби на Ibiza и Arona

Шпанскиот бренд подготви специјални изведби од популарната Ibiza и новата Arona наменети за љубителите на квалитетниот звук!

Соработката меѓу SEAT и BeatsAudio која започна минатата година, сега продолжува со конкретни изведби на Ibiza и Arona. Визуелните измени започнуваат со Eclipse Orange странични ретровизори и значки на задниот дел, но достапни е и нова боја – Magnetic Tech. Може да се добие и двобојна комбинација, а дел од приказната се и предни LED светла и многу други ситници.

Сепак, најважниот новитет е BeatsAudio премиум аудио уредот. Овој аудио уред доаѓа со 300-ватен засилувач, седум звучници (од кои два се високотонци), два вуфери и интегриран саб-вуфер во просторот за резервно тркало. Секако, имате можност за поврзување со вашиот паметен телефон преку MirrorLink, Android Auto или Apple CarPlay – па бидете сигурни дека во секој момент ќе можете да ја слушате вашата омилена музика.

Ibiza Beats и Arona Beats можат да се нарачаат со неколку турбо-бензински и турбодизел модели, со моќност од 75 до 115 коњски сили.

Видео

Фотографии



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.