Jaguar Land Rover ќе инвестира 3.7 милиони фунти во систем за автономно теренско возење – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar Land Rover ќе инвестира 3.7 милиони фунти во систем за автономно теренско возење

Британскиот бренд најави дека ќе направи голема инвестиција во системот кој се вика Cortex – и чија задача ќе биде да им овозможи на автомобилите самите да возат надвор од асфалтот.

Како и другите брендови, така и Jaguar Land Rover инвестира во автономните технологии – но со Cortex, JLR ќе го искористи своето искуство со теренските автомобили и ќе развие систем кој ќе им овозможи на автомобилите самите да совладуваат теренски предизвици.

Предизвиците со кои Cortex ќе се соочи се значителни – скоро сите системи за автономно возење како дел од своите алгоритми користат и прецизни мапи од улиците – а тоа е нешто што едноставно не може да постои за теренско возење. Затоа, Cortex системот ќе користи податоци од акустични и видео сензори, како и радар и LIDAR сензори за да може да им овозможи на возилата на JLR да совладуваат теренски предизвици без никаква, или многу мала контрола од возачите.

Спопред Chris Holmes, човекот кој е одговорен за ваквите системи во JLR – „важно е за JLR самиот да развие ваков систем, за да може да ги понуди сите можности, способности и перформанси кои купувачите ги очекуваат од возилата на Jaguar и Land Rover. Само-возењето е неизбежно во автомобилската индустрија, и само ако бидеме сигурни дека нашиот систем е најкорисниот, најспособниот и најбезбедниот, ќе ги поместиме границите на иновациите.“

 

Сега за сега не се дадени никакви дополнителни информации околу Cortex, па не знаеме ни кога ќе видиме ваков систем во сериски автомобил – но најавите од JLR се храбри – останува само да почекаме.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.