ВИДЕО: Audi забрзано го најавува новиот, голем Q8! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ВИДЕО: Audi забрзано го најавува новиот, голем Q8!

Преку скици – но и видеа – германскиот производител на премиум возила го најавува својот нов голем SUV – Q8!

Она што веќе го знаеме за Q8 е дека ќе биде поставен врз MLB Evo платформата која веќе се користи за Q7, но и Bentley Bentayga и Lamborghini Urus. Веќе се појавуваат гласини дека можно е да биде понудена и RS-изведба која би испорачувала околу 530 коњски сили!

Официјалното деби на Audi Q8 е закажано за 5ти Јуни, а според она што можеме да го видиме од скицата која денес беше објавена е дека Q8 ќе има засебен, уникатен лик со голема остра маска на ладилникот на која гордо стои знакот на германскиот бренд, а на левата и десната страна ќе бидат поставени предните LED светла. Задниот дел ќе го дефинира купеовска линија, и со тоа ќе се истакнат динамичните особини на овој голем SUV.

Сега за сега немаме никакви официјални технички податоци, но се очекува Q8 да го придвижуваат неколку различни мотори, а се очекува и хибридна варијанта која најверојатно би користела комбинација од четири-цилиндерски турбо-бензинец и некаков електромотор.

Видео



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.