BMW M3 CS – Спектакуларно финале на тековниот M3! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW M3 CS – Спектакуларно финале на тековниот M3!

Новиот BMW M3 Club Sport доаѓа со надграден 3-литарски турбо-бензинец кој испорачува 460 коњски сили и 600 Nm вртежен момент.

Нај-хардкор изведбата на BMW M3 сериски доаѓа со 7-брзински DCT менувач со двојна спојка, и според официјалните податоци забрзува „до стотка“ за само 3.9 секунди и постигнува максимални 280 километри на час.

За фановите на BMW M3, важно е дека покрај зголемената моќност, M3 CS доаѓа и со намалена тежина – и тоа за околу 50 килограми. Намалената тежина се должи на зголемената употреба на CFRP (Carbon Fiber Reinforced Plastic) во конструкцијата на автомобилот. Сето тоа резултира со подобри перформанси и подинамично управување.

BMW M3 CS ќе се произведе во само 1200 примероци. Така да, ако сакате еден примерок – побрзајте!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.