full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Ferrari FXX K EVO вреска на Spa!

Еден од најретките автомобили на Ferrari – спектакуларниот FXX K EVO се појави на тркачката патека Spa Francorchamps како дел од XX програмата на италијанскиот бренд, и ги покажа своите таленти.

Ferrari FXX K EVO е базиран на LaFerrari, и користи 6.2-литарски V12 кој испорачува 860 коњски сили при врескачки 9200 вртежи во минута и 750 Nm вртежен момент при 6500 вртежи во минута. Моторот соработува со електромотор кој испорачува дополнителни 190 коњски сили за вкупна системска моќност од 1050 коњски сили и повеќе од 900 Nm вртежен момент.

Силата се испорачува кон задните тркала преку седум-брзински менувач со двојна спојка кој влече потекло од F1 – и сето тоа изгледа и звучи вака:



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.