full screen background image
Search

Пристигна новиот Audi A7 Sportback!

Во салонот на Audi во Скопје пристигна новиот голем купе-седан, монолитскиот A7 Sportback!

Новиот А7 Sportback во живо е навистина импозантен и голем автомобил. Поставен на MLB Evo платформата, новиот А7 Sportback е долг 4969 милиметри, има меѓуоскино растојание од 2926 милиметри и ширина од 1908 милиметри (без страничните ретровизори, секако), но е висок само 1422 милиметри. Формата е ниска и широка, а на предниот дел доминираат големите светла кои влечат инспирација од Prologue концептите на брендот.

Ентериерот комбинира дизајн и технологија на уникатен начин – комбинацијата од чисти, хоризонтални линии и хај-тек инструменти е оружјето со кое Audi A7 Sportback ќе се бори со конкурентите. A7 ги има сите хај-тек решенија кои ги добива и A8.

Како и на другите пазари каде се нуди А7 Sportback, во Македонија се нудат два мотори – едниот ја носи ознаката 50 TDI, а всушност се работи за 3-литарски TDI турбодизел со 286 коњски сили, додека другиот е 55 TFSI – турбо-бензинец кој испорачува 355 коњски сили и 500 Nm вртежен момент, доволни за забрзување „до стотка“ за 5.3 секунди и максимални 250 километри на час.

Цените во Македонија започнуваат од 79.136 евра за турбодизелскиот A7 50 TDI, односно 85.107 евра за турбо-бензинецот со ознака A7 55 TFSI.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.