full screen background image
Search

Новата A-Class на Mercedes-Benz претставена во Македонија!

На несекојдневен настан новата A-Class на германскиот производител денес го имаше своето македонско деби!

Со желба да го истакне својот out-of-the-box пристап кон нештата, новата A-Class на Mercedes-Benz денес буквално излезе од големата кутија. Претставувањето се одржа во Скопје City Mall, а голем број посетители имаа можност во живо да го следат дебито на популарниот хечбек на Mercedes-Benz.

Како што веќе пишувавме, новата A-Class добива и нови мотори – и приказната започнува со 1.4-литарски турбо-бензинец кој испорачува 161 коњска сила и 250 Nm вртежен момент. Овој мотор ќе се комбинира со седум-брзински автоматски менувач со двојна спојка или шест-брзински мануелен менувач. Ќе се нуди и 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 221 коњска сила и 350 Nm вртежен момент.

Доколку сакате турбодизел, тука е 1.5-литарскот четири-цилиндерски мотор кој испорачува 114 коњски сили и 260 Nm вртежен момент. Стандардно, A-Class ќе биде со погон на предните тркала, но ќе се нуди и 4Matic систем со погон на сите четири тркала.

Еден од поважните новитети во A-Class секако се и големите дигитални дисплеи поставени пред возачот и на централната конзола, како и системот за препознавање на гласовни команди кој користи вештачка интелигенција за „да се развива“. Mercedes-Benz го нарекува овој систем MBUX и е вистинска револуција во начинот на кој имаме интеракција со нашето возило. Скоро сите функционалности на автомобилот можат да се контолираат со „природен говор“ – односно – ако ви е топло, едноставно кажете му на автомобилот. Тој ќе ве разбере и ќе ги преземе потребните чекори.

Поврзано:   Сакате да кампувате? Explorer XPR440 е подготвен да оди насекаде!

Се надеваме дека наскоро ќе ја добиеме новата A-Class на подетално тестирање и ќе ги пренесеме нашите впечатоци како од новиот хечбек, така и MBUX системот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.