full screen background image
Search

Lamborghini-то на Папата Францис се продаде за 715.000 евра!

Папата Францис беше сопственик на уникатно Lamborghini Huracan – кое на аукција во Монте Карло се продаде за 715.000 Евра!

Парите од продажбата ќе бидат дадени за хуманитарни цели – и тоа 70% ќе одат во градот Nineveh во Ирак, 10% кај Amici per il Centrafrica Onlus, 10% кај Groupe International Chirurgiens Amis de la Main и последните 10% кај Pope John XXIII Community Association.

Интересно е што ова не е прв пат еден Папа да добие некаков уникатен италијански супер-автомобил – своевремено, и папата Јован Павле II имаше интересен „службен“ автомобил – и тоа Ferrari Enzo. Овој автомобил исто така се продаде на аукција – и успеа да собере повеќе од 6 милиони долари кога се продаде во 2015.

Сепак, ниту Lamborghini-то на Папата Францис не е за потценување – благодарение на Ad Personam програмата на Lamborghini, овој Huracan е во Bianco Monocerus бела боја со Giallo Tiberino линии. Автомобилот доби и уникатни тркала, како и бела кожа во кабината.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.