full screen background image
Search

Volkswagen Golf GTI TCR е врската меѓу улиците и тркачката патека!

Volkswagen на Worthersee го претстави уличниот Golf GTI кој влече инспирација од тркачките патеки и тамошниот Golf GTI TCR!

Со 290 коњски сили под поклопецот, кои се пренесуваат кон предните тркала преку седум-брзински DSG менувач со двојна спојка, Golf GTI TCR ветува одлични перформанси. Иако го носи името Concept, сепак германскиот производител потврди дека Golf GTI TCR ќе влезе во сериско производство во текот на оваа година.

Предната оска добива и специјален диференцијал, а од Volkswagen кажаа дека купувачите ќе можат да го отстранат лимитерот на максималната брзина и со тоа наместо „стандардните“ 250 километри на час, максималната брзина ќе биде 264 километри на час. Дел од пакетот се и поголеми сопирачки, два дополнителни ладилници, 18 или 19-инчни супер-лесни ковани тркала, рекалибрирана DCC адаптивна суспензија и целиот автомобил ќе биде 20 милиметри поблиску до подлогата.

Екстериерот добива редизајнирани браници, нов заден дифузер и спортски издувен систем. Дополнително, купувачите ќе можат да добијат и специјален титаниумски издувен систем од Akrapovič. Кабината добива спортски седишта обвиени во специјален микрофибер материјал и уште неколку уникатни спортски детали.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.