full screen background image
Search

Dacia Duster официјално прогласен за Автомобил на Годината во Македонија за 2018!

Во средата вечер овогодинешниот носител на титулата Автомобил на Годината официјално ја презема титулата.

По 23-пат Македонија го доби автомобилот на годината. Вчеравечер за време нас вечената манифестација во винаријата Камник на која присуствуваа бројни гости,
пријатели на импортерот и љубители на автомобилите официјално беше доделена блескавата статуетка на брендот DACIA за најновиот модел на DUSTER.

Претседателот на стручното жири по своето обраќање и образложување на одлуката во име на жирито – г-динот Горан Антевски му го предаде признанието на г-динот Жељко
Барбарич – менаџер за продажба на групацијата Renault за регионот Адриатик.

„ Националното Жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и по нудана домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн и комфор и опременост. Секогаш е тешко да се одбере најдобриот во сегментот на пазарот што постојано расте, но моделот Dacia Duster не е само уште едно СУВ возило. Тоа е автомобил што сигурно ќе ги задоволи личните, семејните па дури и бизнис потребите. Dacia Duster се издвои според критериуми што се особено важни за македонскиот пазар, како што се адекватност и понуда на домашниот пазар, каде Dacia Duster ја направи решавачката предност.” – изјави г-динот Горан Антевски.

Посебно признание за Владимир Воиновски од Еуроимпекс

За време на свечената манифестација за прв пат беше доделено и признанието „Томислав Билјарац“. Признанието го носи името на основачот на македонското автомобилско новинарство и основачот на Изборот за Автомобил на Годината во Македонија, а се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија.

Првиот добитник на ова признание е господинот Владимир Воиновски од Еуроимпекс. Господинот Воиновски се заблагодари за укажаната чест и долгогодишната соработка. Најавено е дека ова признание ќе продолжи да се доделува и во иднина.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.