full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW M5 Competition – Мега-седан со 625 коњски сили!

Баварците ја претставија Competition верзијата на веќе-моќниот M5 – па сега на располагање ќе имате 625 коњски сили и 750 Nm вртежен момент!

Главните измени се под поклопецот – 4.4-литарскиот твин-турбо V8 е доработен да испорачува 625 коњски сили, но вртежниот момент останува на 750 Nm – како тоа да е малку. Благодарение на ова, спринтот до 100 километри на час е скратен за 0.1 секунда и сега трае 3.3 секунди, но спринтот до 200 километри на час трае 10.8 секунди – 0.3 секунди помалку од порано. За ако се брзате.

Моќта се пренесува кон сите четири тркала преку 8-брзински автоматски менувач, но бидејќи се работи за BMW, сепак системот за пренос на силата кон тркалата ги преферира оние на задната оска. М5 Competition добива и специјални носачи на моторот, редизајнирана шасија и е за нијанса (7 милиметри) поблиску до подлогата.

Стајлингот нема претрпено преголеми измени  – некои детали се во сјајна црна боја, ќе добиете и уникатни значки, како и ексклузивни 20-инчни  ковани тркала и специјален издувен систем. Доволно?

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.