full screen background image
Search

Задутре пристигнува Rolls-Royce Cullinan!

Rolls-Royce се подготвува да го претстави најлуксузниот SUV на светот – и ќе го видиме за само два дена!

Иако британскиот производител сега за сега не објавува премногу детали за новиот – и нивниот прв – SUV,  сепак можеме да претпоставиме дека она што ќе го добиеме ќе биде на самиот врв на луксузот. Во ред, сигурно нема да биде толку елегантен како Phantom, но сепак Cullinan ќе го красат очекуваните детали и дизајнерски решенија кои ги очекуваме кај еден Rolls-Royce.

 

Веќе се шпекулира дека Cullinan ќе биде придвижуван од истиот 6.75-литарски твин-турбо V12 кој се користи и кај Phantom. Таму големиот V12 испорачува 563 коњски сили и 900 Nm вртежен момент. Кај Cullinan ги очекуваме истите бројки и истиот 8-брзински автоматски менувач, но тука моќта ќе се пренесува кон сите четири тркала преку систем развиен специјално за првиот SUV на Rolls-Royce.

Секако, она што се очекува е Cullinan да постави целосно-нови стандарди во сегментот на ултра-луксузни SUV модели. Всушност, Cullinan скоро и да нема конкуренција – Maybach најави свој конкурент, но она што го видовме е само концепт. Останува да почекаме уште два дена и да го видиме новиот супер-луксузен SUV!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.