Nissan постепено ќе престане да нуди дизели во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan постепено ќе престане да нуди дизели во Европа

Јапонскиот производител Nissan најави дека постепено ќе ја елиминира дизел-понудата во Европа и ќе се концентрира на нудење бензински, хибридни или електрични возила.

„Како и други производители, можеме да го забележиме прогресивното намалување на побарувачката на дизелот, но не очекуваме дека ненадејно ќе го снема“ – изјави претставник од Nissan за Reuthers и додаде – „Во овој момент, за многу купувачи модерните дизел мотори се интересни и ќе продолжат да се нудат во рамките на погонските единици на Nissan.“ Сепак, претставникот од Nissan потврди дека постепено ќе се повлечат дизелите од понудата во Европа – Reuters веќе известуваше за намаленото производство во фабриката на Nissan во Сандерленд, каде се прават некои од дизел-моторите.

Во моментов, Nissan користи дизел мотори кои потекнуваат од францускиот партнер – Renault. Добро-познатите 1.5, 1.6 и 2-литарски dCi комон-рејл турбодизел мотори се меѓу најдобрите на пазарот. dCi моторите се вградуваат во Micra, Pulsar, Juke, Qashqai и X-trail, како и во комерцијалните возила на брендот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.