BMW претстави М-Performance додатоци за М2 Competition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW претстави М-Performance додатоци за М2 Competition

Сакате вашиот BMW M2 Competition да биде уште поспортски? Тука се M-Performance додатоците кои дополнително може да го трансформираат баварското спортско купе.

Веќе знаеме – M2 Competition го добива моторот од М3 и М4, но сега можете да добиете уште поспортски детали.

За оние кои сакаат вистинско „хардкор“ возило, тука е редизајнираната суспензија која дополнително го приближува автомобилот до подлогата за 20 милиметри. Дел од приказната се и прилагодливи амортизери кои ќе им овозможат на вистински-талентираните возачи да го извлечат максимумот.

Понатмау, можете да добиете и нови, уште помоќни сопирачки и нови 19-инчни тркала. Оваа комбинација ја намалува тежината на возилото, а може да бидат вградени и супер-спортски Michelin Pilot Sport Cup 2 пневматици.

Кога веќе зборуваме за намалување на тежината – кровот, поклопецот на моторот и поклопецот на багажникот можат да бидат карбонски. Тука се и аеро детали кои ја подобруваат аеродинамиката, а карбонски можат да бидат и предните решетки, ретровизорите и уште многу други ситници.

Ви звучи добро? Нам да!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.