Lexus ги објави првите детали и фотографии од новиот ES – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus ги објави првите детали и фотографии од новиот ES

Lexus ги објави првите фотографии од најновата генерација на седанот ES – кој очигледно влече инспирација од знаменосецот на јапонскиот премиум бренд – големиот LS!

Наменет за оние на кои им се допаѓа дизајнерскиот јазик на LS, но би сакале да го добијат во нијанса помал пакет, Lexus го претстави целосно-новиот ES. Официјалната премиера е закажана за 25-ти Април, но од Lexus одлучија да го претстават екстерериот на новиот седан.

На предниот дел доминира големата маска на ладилникот која е карактеристична за сите модели на Lexus. Страничните линии се класични за еден седан, додека на задниот дел нијанса поконзервативна изведба на задните светла на LS.

Сите податоци за новиот ES ќе ги имаме за само неколку дена – кога ќе дознаеме и со какви мотори ќе се нуди ES, како и неговото прецизно позиционирање во гамата на јапонскиот луксузен бренд.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.