full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поскапуваат половина денар, дизелот денар

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, повисоки цени на горивата.

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи повторно да ги зголеми цените на горивата. Во согласност со методологијата за пресметка на цени, од вечерва малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.57%.

Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 0.5 денари – па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 68.00 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 69.50 денари.

Цената на дизел горивото се зголемува за 1 денар, и од вечерва на полноќ еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 60 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.