full screen background image
Search

Lamborghini Urus беше на турнеја ширум светот!

Новиот SUV на Lamborghini беше на турнеја ширум светот – и помина низ 114 градови!

Новиот – да, новиот, Urus не е првиот SUV на Lamborghini, таа чест му припаѓа на легендарниот LM002 – SUV на Lamborghini беше на турнеја ширум светот. По претставувањето во Sant’Agata Bolognese, италијанскиот бренд започна патување ширум светот и однесе неколку различни примероци од новиот SUV во дури 114 светски градови.

Lamborghini Urus е поставен на MLB платформата на Volkswagen групацијата, која ја дели со луксузните Audi Q7, Bentley Bentayga и Porsche Cayenne. Големиот – и 2154 килограми тежок SUV – нуди перформанси кои му прилегаат на едно Lamborghini – под поклопецот се крие 4-литарски би-турбо V8 кој испорачува 650 коњски сили и 850 Nm вртежен момент.

Ова е доволно за Urus да забрза до 100 километри на час за 3.59 секунди и да постигне максимални 300 километри на час. Моќта се пренесува кон сите четири тркала преку 8-брзински автоматски менувач.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.