full screen background image
Search

Дали вака ќе изгледаат следните Ford Focus ST и Focus RS?

Според креативната визија на X-Tomi Design, вака би можеле да изгледаат жешките верзии на новиот Focus – кои се очекува повторно да ги носат ознаките ST и RS.

Обете визии се значително поблиску до подлогата, имаат агресивни бодикитови (односно, навистина агресивен бодикит во случајот на Focus RS) и големи тркала. Според она што веќе го знаеме, концептите кои доаѓаат од X-Tomi Design се прилично блиску до вистинските автомобили, и останува само да почекаме и да видиме.

Уште не се знае кога ќе го видиме Focus ST, а понатаму и Focus RS. Focus ST најверојатно ќе го видиме до крајот на оваа година, а Focus RS за 2-3 години.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.