ПРЕМИЕРА: Пристигна и новиот Audi A6 Avant – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Пристигна и новиот Audi A6 Avant

Караванската изведба на новиот А6 покрај сите придобивки од новиот автомобил, добива и модуларен багажен простор кој нуди капацитет од 565 до импресивни 1680 литри!

Фокусот на практичноста не им пречел на дизајнерите на Audi, па дизајнот на A6 Avant е модерен и привлечен. Кровната линија дискретно опаѓа кон задниот дел, и иако ова можеби малку влијае на просторната понуда, резулат е спортски и динамичен дизајн кој успешно ја сокрива големината на A6 Avant. Дополнително, ваквиот дизајн позитивно влијае и на коефициентот на отпор на воздух – кој изнесува само 0.27.

Сериски, секој A6 Avant ќе добие LED предни светла, а со доплата се достапни понапредните HD Matrix LED предни светла. Страничните линии се воглавно исти со седанот и најважните разлики се – очекувано – во задниот дел. Сè на сè – во нашите очи, А6 Avant не е само еден од најпривлечните каравани на Audi, туку и еден од најпривлечните каравани кои се нудат во моментов на пазарот.

Инаку, A6 Avant ги добива сите исти технологии како и седанот, па и тука можеме да очекуваме хај-тек фестивал и многу, многу, многу играчки. Од Audi не кажуваат ништо за понудата на мотори, но можеме да претпоставиме дека ќе се нудат истите мотори кои се нудат и кај седанот – а тоа значи 3-литарски TFSI V6 турбо-бензинец со 340 коњски сили и 500 Nm вртежен момент, како и 3-литарски TDI V6 со 286 коњски сили и 620 Nm вртежен момент.

Секако, тука се и очекуваниот Quattro погон на сите четири тркала и S-Tronic менувач со двојна спојка.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Über-караван со 630 коњски сили - претставен Audi RS 6 Avant GT!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.