Наречен едноставно Exterior Styling Kit, пакетот додатоци за новиот Volvo XC40 вклучува дополнителни заштитни панели, заден спојлер и уште неколку додатоци.
XC40 е вистински хит за Volvo – малиот кросовер кој тукушто беше прогласен за Европски Автомобил на Годината се покажува како популарен меѓу купувачите.
Со цел да ги задоволи барањата на клиентите, Volvo претстави и спортски бодикит кој може да се нарача дополнително. Пакетот се вика едноставно Exterior Styling Kit и вклучува заштитни панели од нерѓосувачки челик, нов заден спојлер, како и големи, 21-инчни тркала.
Во ред, не би го нарекле бодикитот екстремен, но на компактниот кросовер му дава дополнителна доза на спортска динамичност.