full screen background image
Search

Со електричната Kona, Hyundai кажуваат дека се сериозни околу електрификацијата.

Hyundai ја претстави електричната Kona во Женева – ќе ја нуди во две верзии кои ќе можат да поминат 300 односно 470 километри со едно полнење.

Со електричната Kona, Hyundai го понуди првиот субкомпактен електричен SUV во Европа. Она што е интересно е дека Hyundai ќе ја нуди Kona Electric во две различни верзии – едната со 135-коњски електромотор и батерија со капацитет од 39.2 kWh, која ќе може да помине 300 километри со едно полнење – и тоа според новиот WLTP стандард.

Втората верзија користи 204-коњски електромотор и батерија со капацитет од 64 kWh. Според Hyundai, оваа верзија ќе може да помине околу 470 километри со едно полнење. Обете верзии ќе се полнат до 80% за 54 минути со полнач со моќност од 100 kW. Послабата верзија забрзува до 100 километри на час за 9.3 секунди, додека на помоќната и требаат само 7.6 секунди, а обете верзии имаат ограничена максимална брзина од 167 километри на час.

Електричната Kona добива целосно-дигитални инструменти пред возачот, а мултимедијалниот уред нуди можност за Apple CarPlay и Android Auto поврзување. Kona Electric добива и адаптивен темпомат со автоматско застанување и тргнување, автономно сопирање, систем кој ја следи слепата точка и уште многу други системи за активна и пасивна безбедност.

Hyundai Kona (но не електричната верзија) минатата седмица ја имаше својата македонска премиера.

Видео

Галерија



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.