full screen background image
Search

Porsche потврди плаг-ин хибриден 911 – ќе биде најмоќниот во гамата!

Следната генерација на легендарниот Porsche 911 ќе добие и плаг-ин хибридна верзија – и според најавата ќе биде најмоќната верзија во гамата.

Според Oliver Blume од Porsche, не само што е можна плаг-ин хибридна верзија, туку таа и ќе се случи. „Хибридниот 911 мора да биде многу способен спортски автомобил. Секако ќе биде најмоќниот 911 на сите времиња – можни се и 700 коњски сили.“ – изјави тој.

Познавачите сугерираат дека следната генерација на Porsche 911 ќе продолжи да користи шест-цилиндерски боксер бензински мотор со два турбополначи, но хибридната верзија најверојатно ќе го користи електро-погонот од Panamera 4 E-Hybrid кој испорачува дополнителни 136 коњски сили.

Дополнително, Blume најави дека во кабината на новиот 911 ќе има засебно копче за дополнителна моќност од хибридниот погон, а сето тоа е со цел да се истакнат можностите на хибридниот погон. Секако, компанијата ќе го искористи познавањето и искуството добиени со хибридната Panamera и 918 Spyder, но сепак најавуваат дека ќе биде целосно нова хибридна архитектура – највеќе заради уникатната конфигурација на 911.

Иако не е потврдено, се очекува следната генерација на 911 да дебитира на Саемот на Автомобили во Париз оваа година, а хибридната варијанта би пристигнала година-две подоцна.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.