Alfa Romeo ги претстави специјалните NRING верзии на Giulia и Stelvio! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo ги претстави специјалните NRING верзии на Giulia и Stelvio!

Италијанскиот бренд ги претстави специјалните верзии на седанот Giulia и големиот SUV Stelvio со кои го слави нивниот успех на легендарниот Nurburgring.

Giulia Quadrofoglio го помина Nurburgring за 7 минути и 32 секунди, додека на Stelvio му беа потребни 7 минути и 51.7 секунди. Славеничките модели ќе бидат произведени во по 108 примероци – по еден за секоја година постоење на Alfa Romeo.

Прочитајте го нашиот тест на Alfa Romeo Giulia, како и на големиот SUV Alfa Romeo Stelvio.

Обата автомобили се во специјална Circuito Grey сива боја, носат темни тркала а се дополнително опремени со керамички сопирачки. Истата приказна за црни детали продолжува и на други места – препознаваме и карбонски странични ретровизори и карбонски детали во маската на ладилникот.

Кабините се обвиени во кожа и алкантара, управувачот е делумно карбонски, а карбонски се и специјалните Sparco тркачки седишта кои имаат контрастни опшивки во црвена боја. Секој автомобил добива и засебен број, Harman Kardon премиум аудио уред, како и 8.8-инчен мултимедијален уред со навигација и можност за Android Auto и Apple CarPlay поврзување.

За придвижување на славеничките модели е задолжен веќе-познатиот 2.9-литарски твин-турбо V6 бензинец кој испорачува 510 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Кај Giulia моќта се пренесува кон задните тркала, додека кај Stelvio на сите четири – благодарение на што Stelvio е за нијанса побрз „до стотка“. Giulia забрзува до 100 километри на час за 3.9 секунди, додека на Stelvio му се потребни само 3.8 секунди.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.