Женева 2018: Bugatti Chiron Sport е полесен и подинамичен – и чини најмалку 2.65 милиони евра! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2018: Bugatti Chiron Sport е полесен и подинамичен – и чини најмалку 2.65 милиони евра!

Ниту Bugatti не изостана на овогодинешниот Саем на Автомобили во Женева – своето деби го доживеа Chiron Sport, кој не е помоќен, но е значително подинамичен од „обичниот“ модел.

Според она што го објавија од Bugatti, новиот Chiron Sport нуди „значително подобрено управување и уште подобра агилност“. Подобрената агилност се должи на нови, лесни тркала и уште повеќе карбон  – всушност, дури и носачите на бришачите на ветробранското стакло се изработени од егзотичниот материјал.

Chiron Sport е 18 килограми полесен од „обичниот“ Chiron – и иако тоа не звучи како многу, сепак секое тркало е по три колграми полесно. Дополнително, ревидирана е и суспензијата која сега е 10% потврда, а рекалибрирано е и управувањето.

Сето тоа резултира со пет секунди подобро време на Nardo тест-патеката, а според Bugatti, Chiron Sport „може да го достигне својот максимум дури и во свиоци во кои се влегува со брзини повисоки од 200 километри на час.“

Доколку уште не сте го наралаче вашиот Chiron Sport, ви советуваме да побрзате – цените започнуваат од 2.65 милиони Евра, а примерокот на фотографиите чини рамно 3 милиони Евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.