full screen background image
Search

BMW подготви специјална Black Shadow изведба на M2!

Возбудливото купе на BMW добива специјална, црна изведба со M2 Black Shadow Edition.

Измените не се драстични, но на спортското купе со погон на задните тркала му даваат сосем поинаков, подинамичен и поагресивен лик. Пакетот вклучува надворешни ретровизори од карбон, сјајно-црни решетки на предната маска и други детали од екстериерот, заден дифузер од карбон и црно-хромирани завршетоци на издувниот систем. Сликата ја дополнува Sapphire Black црната боја на екстериерот и 19-инчните мат-црни тркала.

Моторот останува истиот – 3-литарскиот турбо-бензинец со шест цилиндри испорачува 370 коњски сили, а доколку го комбинирате со автоматскиот менувач со двојна спојка ќе забрзате до 100 километри на час за само 4.3 секунди!

Продажбата на BMW M2 Black Shadow Edition ќе започне во Април.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.