SEAT официјално го лансира Cupra брендот со 300-коњска Ateca! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

SEAT официјално го лансира Cupra брендот со 300-коњска Ateca!

Првиот модел на новата спортска дивизија на шпанскиот бренд доаѓа во форма на Cupra Ateca, придвижувана од 2-литарски турбо-бензинец со 300 коњски сили!

Првиот модел на Cupra ќе биде токму Cupra Ateca – најекстремната верзија на нам добро-познатиот SUV. Cupra Ateca е придвижувана од 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 300 коњски сили, кои се пренесуваат кон сите четири тркала преку DSG менувач со двојна спојка. Ова резултира со спринт до 100 километри на час за 5.4 секунди и максимални 245 километри на час.

Cupra Ateca ќе доаѓа со неколку режими на возење – Normal, Sport, Individual, Snow, Off-Road, и секако CUPRA режимот. Екстериерот е преработен за да го истакне динамичниот карактер на Cupra Ateca и добива нови браници, странични прагови, нов заден спојлер, нова маска на ладилникот со Cupra логото, Cupra значки на долниот дел на предниот браник и уште многу, многу ситници. Екстериерот го заокружуваат 19-инчни тркала кои ќе бидат резервирани исклучиво за Cupra Ateca.

Кабината е обвиена во црна алкантара, а има и многу детали кои се сјајно-црни или алуминиумски. Секако, Cupra ознаките ги заменуваат SEAT ознаките. Интересно – ќе може да се нарача и Performance пакет кој вклучува поголеми, 18-инчни сопирачки, детали од карбон и други детали.

Покрај Cupra Ateca, своја премиера доживеа и дизајнерска студија за новата Cupra Ibiza – но во реалноста, тоа е автомобилот кој ќе го видиме во сериско производство за неколку месеци. Покрај Cupra Ateca, во план е и Cupra Arona. Сега за сега, Leon Cupra ќе продолжи да се нуди под SEAT значката, но најверојатно од следната генерација на популарниот хечбек, најмоќната верзија ќе биде дел од Cupra брендот.

Добредојде, Cupra!

Галерија

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.