Луѓето одлучија – новиот голем SUV на SEAT ќе се вика Tarraco – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Луѓето одлучија – новиот голем SUV на SEAT ќе се вика Tarraco

Новиот голем SUV со седум седишта на шпанскиот бренд ќе се вика по градот Tarragona – и ќе ја дополни гамата на SUV модели на SEAT.


Tarraco е всушност најстарото населено место од римската империја на Пиринејскиот Полуостров, и според она што го кажуваат од SEAT, токму Tarraco „бил една од главните метрополи на Hispania за време на Римската Империја.“ Според нив, името Tarraco е идеално за брендот бидејќи градот има „чувство на историја, младост и архитектура.“

Името кое го избраа беше дел од SEATseekingName кампањата која од фановите на брендот бараше да го одберат името на новиот модел. Повеќе од 146.000 луѓе гласаа и скоро 36 проценти го избраа токму името Tarraco. Во игра беа и Avila, Aranda и Alboran. На самиот почеток беа испратени повеќе од 133 предлози, па експертски тим од SEAT од понудените предлози избра кандидати кои ги отсликуваат вредностите на брендот и суштината на новиот модел. На крај беа избрани овие четири финалисти.

Tarraco ќе биде лансиран кон крајот на оваа година како модел со седум седишта и „ќе ја комплетира SUV офанзивата на SEAT.“ Тоа значи дека покрај Ateca и Aronа, во понудата ќе го добиеме и Tarraco како најголем во гамата. Од едната објавена фотографија можеме да видиме дека Tarraco гради врз основата на Ateca, но настапува со значително подинамичен и поробустен лик.

Се очекува Tarraco да ги добие истите мотори кои се вградуваат во Ateca, но и во други SUV модели на Volkswagen групацијата. Повеќе информации ќе имаме по официјалното претставување.

Поврзано:   SEAT Ibiza наполни 40 години!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.