Mercedes-Benz ја освежи C-Class со затегнат лик и технологии од S-Class – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz ја освежи C-Class со затегнат лик и технологии од S-Class

Mercedes-Benz во Женева ќе ја претстави освежената C-Class во регуларна седан, но и караванска изведба – а популарниот модел ќе добие нови технологии кои влечат потекло од големата S-Class.

Визуелните измени се дискретни, но сепак забележливи – ги добиваме очекуваните редизајнирани браници и изменети светлосни групи кои го освежуваат дизајнот и го доведуваат во линија со поновите модели на брендот.

За прв пат, C-Class ќе може да се нарача со Multibeam LED предни светла кои имаат Ultra Range долги светла. Секој фар има 84 засебни LED диоди благодарение на кои брзо и прецизно може да се контролира светлината во сите услови. Кабината добива преработени материјали, но главниот новитет е во форма на 12.3-инчен дигитален панел со инструменти пред возачот. Новитет е и поголемиот, 10.25-инчен централен дисплеј за мултимедијалниот уред.

Освежената C-Class ги добива и сите нови системи за асистенција за полу-автономно возење. Автомобилите ќе добијат подобрени камери и радарски системи кои можат да „видат“ до 500 метри пред нив, а тука е и освежениот Active Steering Assist систем со можност за менување коловозни ленти и автоматско застанување. Сега за сега не се објавени моторите, но најавено е дека европските купувачи ќе добијат нови турбо-бензински, турбодизел и хибридни погонски единици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.