full screen background image
Search

Новиот Jaguar E-Pace пристигна во салонот на Automobili Group во Скопје

Малиот, компактен спортски SUV на Jaguar пристигна во Скопје, во салонот на Automobili Group.


Малиот Jaguar E-Pace е достапен со пет мотори – три дизел и два бензински. Сите мотори имаат зафатнина од два литра и четири цилиндри. Дизел моторите доаѓаат нудат 150, 180 или 240 коњски сили, додека бензинските погонски единици нудат 249 или 300 коњски сили.

Дизајнирана за да го направи возењето побезбедно и со поголемо уживање, најсовремената технологија на E-PACE го вклучува системот за информации и забава Touch Pro со 10-инчен дисплеј кој е чувствителен на допир. Може да се добие и Head-up дисплеј кој ги прикажува клучните податоци за возилото врз ветробранското стакло а 12.3 инчниот интерактивен дисплеј за возачот со висока резолуција може да прима и прикажува информации за возењето, забавни содржини и податоци за активната безбедност вклучувајќи ги навигацијата, телефонот и медиумите. Врвниот систем од британските експерти за звук Meridian со опкружувачки звук со технологијата Trifield™ емитира полн чист звук како да се работи за изведба во живо преку своите 15 звучници.

Цените за E-Pace започнуваат од 39.990 Евра за E-Pace Base со 2-литарски турбодизел со 150 коњски сили, погон на предните тркала и мануелен менувач со шест брзини. Врв на понудата е Jaguar E-Pace со турбо-бензински мотор со 300 коњски сили, погон на сите четири тркала и автоматски менувач со 9 брзини кој чини 73.300 евра, односно истата комбинација во R-Dynamic изведба со HSE ниво на опрема за 77.500 евра.



Андреја е Алфа и Омега кога станува збор за CARclub. Опседнат со автомобилите, кога не зборува за нив, сонува за денот кога ќе вози кабриолет по Француската ривиера.