Ford подготви Ranger Raptor со 210 коњски сили и спортски додатоци! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford подготви Ranger Raptor со 210 коњски сили и спортски додатоци!

По неверојатниот успех на F-150 Raptor, момците од Ford одлучија да додадат уште еден Raptor пик-ап во својата гама – а Ranger Raptor ќе располага со 210 коњски сили и 500 Nm вртежен момент!

Моќта на Ranger Raptor доаѓа од целосно нов 2-литарски турбодизел кој има два турбополначи, благодарение на кој, спортскиот пик-ап располага со 210 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Сега за сега не се објавени податоци околу перформансите, но очекуваме да бидат повеќе од адекватни.

Ford Ranger Raptor е примарно развиен од инженерите на Ford во Австралија, секако во соработка со колегите од Raptor тимот во САД. Спортскиот пикап ќе добие специјална Fox суспензија како и редизајнирана задна оска – сето ова за да може со повеќе ентузијазам да покорува теренски предизвици (а верувајте, и самите можевме да се увериме дека Ranger е повеќе од способен надвор од асфалтот) каде дополнителна улога ќе имаат и BF Goodrich теренските пневматици поставени околу ексклузивни 17-инчни тркала кои кријат 332-милиметарски сопирачки.

Сега за сега не се познати плановите кои Ford ги има за Ranger Raptor, ниту пак дали ќе го понуди надвор од австралискиот пазар – но со оглед на популарноста на ваквите модели, не би биле изненадени доколку еден ден пристигне и во Европа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.