Во Женева пристигнува и освежената Mazda 6; ќе дебитира Skyactiv-X технологијата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Женева пристигнува и освежената Mazda 6; ќе дебитира Skyactiv-X технологијата!

Освежената Mazda 6 ќе пристигне во Женева – и тоа во караванска изведба, а со неа ќе дебитира и Skyactiv-X технологијата која ветува зголемена моќност и значително намалена потрошувачка.

Визуелните измени не се драстични – сепак пристапот кој Mazda го има со своите модели е да понуди чести, инкрементални подобрувања. Ќе забележите малку изменети браници, малку подзатегнати линии – и тоа е тоа.

Она што е многу важно е она што наскоро ќе се крие под поклопецот. Бензинскиот мотор ја носи ознаката Skyactiv-X и „воведува иновативен систем за согорување кој се нарекува Spark Controlled Compression Ignition (SPCCI)“ и е „првиот комерцијален бензински мотор кој користи притисок за палење на смесата.“ Односно – како дизел!

Технологијата ги комбинира придобивките од дизел моторите со придобивките од бензинците – а истовремено ја намалува потрошувачката и ги подобрува емисиите на штетни гасови.

Освежената Mazda 6 ќе добие и ревидирана кабина, подобрена звучна изолација, нови i-ActivSense технологии за безбедност, и уште многу други ситници. Повеќе информации и фотографии ќе имаме по официјалното деби во Женева.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.