Први официјални фотографии од новиот Hyundai Santa Fe – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први официјални фотографии од новиот Hyundai Santa Fe

Големиот SUV на Hyundai влегува во својата најнова генерација – а ние ви ги пренесуваме првите официјални фотографии пред официјалната премиера.


По долго најавување, Hyundai ги објави првите официјални фотографии од својот нов голем SUV. Новата генерација доаѓа со целосно нов дизајн и воопшто не наликува на претходната генерација – всушност, новиот Santa Fe наликува на помалиот SUV на Hyundai – малата Kona.

На предниот дел доминира маска на ладилникот која потсеќа на онаа кај новиот i30, а околу неа се поставени светла кои наликуваат на оние кај Kona. Немаме фотографии од задниот дел, но страничните површини ги дефинираат чисти и јасни линии.

Целосно е нова и кабината – па можеме да забележиме нови инструменти, нов централно-поставен мултимедијален уред и по она што можеме да забележиме – висококвалитетни материјали. Интересно – изгледа како и панелот со инструменти пред возачот да е целосно-дигитален.

На домашниот пазар, новиот Santa Fe ќе се нуди со неколку различни турбо-бензински и турбодизел мотори, а очекуваме истите да се пренесат и во Европа кога големиот Santa Fe ќе пристигне и кај нас. Сите примероци ќе носат 8-брзински автоматски менувач, а не е исклучена ниту хибридна верзија која би пристигнала на пазарот за година-две.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.