Skoda во Женева ќе најави нов урбан кросовер со Vision X – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda во Женева ќе најави нов урбан кросовер со Vision X

Покрај освежената Fabia, Skoda во Женева ќе претстави концепт за нов урбан кросовер кој денес го најави со неколку скици, а ќе го носи името Vision X.


Концептот кој Skoda ќе го претстави во Женева е своевидна најава за трет SUV/кросовер во гамата на чешкиот производител – покрај новиот Karoq и големиот Kodiaq. Интересно – најавено е дека концептот ќе користи хибриден погон, и всушност е дел од планот на Skoda за електрификација на поголем дел од гамата – Чесите веќе најавија дека до 2025-тата година сакаат барем една четвртина од продадените возила да бидат плаг-ин хибриди или целосно-електрични.

Според она што го кажуваат од Skoda, Vision X нуди нов дизајнерски јазик за брендот, а истовремено ќе биде со компактни пропорции, идеални за активен, урбан живот. Концептот ќе биде во FlexGreen зелена боја, со сив кров со панорамско стакло, и ќе вози на големи 20-инчни тркала.

Повеќе ќе дознаеме во Женева, а сега за сега можеме да ги видиме скиците со кои Skoda го најавува концептот.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.