Одвојте една минута и слушнете ги звуците на супер-спортскиот Audi RS4 како што не сте ги слушнале до сега!
Колку за потсетување, Audi RS4 го користи истиот 2.9-литарски битурбо V6 кој се користи во RS5 – благодарение на кој има на располагање 450 коњски сили и 600 Nm вртежен момент кои ги испорачува кон сите четири тркала преку 8-брзински автоматски менувач и Quattro погон на сите четири тркала. „Стотка“ пристигнува за 4.1 секунда, а максималната брзина може да биде 250 или 280 километри на час.