PSA веќе се подготвува за враќање во Соединетите Американски Држави – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

PSA веќе се подготвува за враќање во Соединетите Американски Држави

Француската групација веќе работи на модели кои ќе ги продава во САД, а за тоа ќе ја искористи експертизата на инженерите од Opel.


Француската групација планира да се врати во САД – бидејќи токму тој пазар ќе биде еден од круцијалните за глобалниот успех на сите брендови под капата на овој концерн. Интересно, Groupe PSA ќе го користи знаењето и искуството кое инженерите од Opel го имаат со американскиот пазар – неколку модели на Opel се продаваа токму таму – своевремено, Opel Astra H во Америка се продаваше како Saturn, а Cascada и Insignia се продаваат под капата на Buick.

2009 Saturn Astra XR 3-door. X09ST_AS009 (United States)

Зборувајќи во Детроит, претседателот на PSA – Carlos Tavares – изјави дека планот на компанијата за враќање во Америка е составен од три дела. PSA веќе започна да работи на ова минатата година со Free2Move услугата во Сиетл – тоа е апликација која им овозможува на корисниците да закажат транспорт преку неколку различни сервиси, меѓу кои Car2Go, Lime Bike и Zipcar.

Втората фаза ќе биде концентрирана околу можноста корисниците во САД да закажат транспортни услуги со возила на PSA – а целта на оваа фаза ќе биде да им ги приближи на Американците возилата на францускиот концерн. Продажбата всушност ќе започне со третата фаза.

Сега за сега не е одлучено кои брендови на PSA ќе бидат присутни во Америка. Сепак, веќе е најавено дека до 2025-тата година целата гама на брендовите ќе биде електрифицирана (ќе се нуди хибридна или електрична верзија од секој модел), а Tavares потврди дека автомобилите ќе бидат дизајнирани во соработка со инженерите од Opel бидејќи „тие можат да гарантираат дека сите идни продукти за овој пазар ќе бидат во согласност со барањата на САД.“

Tavares додаде дека некои автомобили веќе се во фаза на развој, но не кажа кои се тие ниту кога ќе пристигнат на пазарот – но со оглед на популарноста на SUV моделите на глобалниот, но особено на американскиот пазар, како и препознатливоста која Peugeot ја ужива заради успесите на Dakar, не би биле изненадени доколку првичната понуда на францускиот бренд ги вклучува токму Peugeot 3008 и големиот 5008.

Поврзано:   Opel произведува автомобили веќе 125 години!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.