Сподели! ;)

BMW постави два рекорди – еден е за најдолг дрифт од дури 379 километри, а вториот е за полнење на резервоарот на возилото во возење – и тоа не еднаш, туку пет пати!

Иако правилата за поставување на рекордот за најдолг дрифт дозволуваат возилото да запре и повторно да биде наполнето – зошто да биде тооооолку едноставно? Инженерите на BMW поставиле систем за полнење гориво во движење сличен на оној кај воените авиони, и автмобилот постави два рекорди – еден за најдолг дрифт, а другиот за полнење на гориво во движење – дури пет пати!