full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Nissan верува во хај-тек, супер-безбедна автомобилска иднина

Ако не можете да замислите како ќе изгледа светот на автомобилите за декада, две или три – еве како тој би можел да изгледа според јапонскиот производител Nissan.


Во краткото видео, Nissan не само што ја прикажува замислената автомобилска инфраструктура за 2040, туку зборуваат и за нивниот пристап кој го нарекуваат Intelligent Mobility, кој ветува дека ќе ги измени правилата за тоа како луѓето комуницираат со своите автомобили. Според нив, иднината на автомобилите не е само во конективноста и автоматизацијата, туку нула емисија на штетни гасови и Вештачка Интелигенција.

Една од технологиите на кои Nissan работи е Brain to Vehicle системот кој би требало да може предвиди што сака возачот да направи, и со тоа автомобилот побрзо да изреагира. Понатаму, Nissan сака да живееме во свет во кој нема да има класичен „сообраќај“ и црвените светла не би постоеле, а електричните автомобили би користење безжично полнење и би се полнеле додека се возат. Секако, дел од таа приказна е и сообраќај во кој нема да има сериозно повредени или загинати, благодарение на автономните и предиктивни системи кои автомобилите на иднината ќе ги имаат.

Сето ова звучи интересно – но од Nissan не нè забораваат ниту нас – ние кои сакаме самите да го управуваме автомобилот – и ветуваат дека ќе можеме во било кој момент да ја преземеме контролата и да уживаме во возењето!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.