Сакате да кампувате на недостапни места? Mercedes-Benz го има решението! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Сакате да кампувате на недостапни места? Mercedes-Benz го има решението!

Mercedes-Benz подготви и претстави два кампер-концепти поставени на новиот X-Class пик-ап.


Според она што го кажуваат од Mercedes-Benz, со камперските концепти тие сакаат да ги претстават можностите на X-Class. Кабината – која може да биде отстранета доколку е потребно – е изработена од Tischer и ја покажува насоката во која би можеле да одите доколку сакате вашиот луксузен камионет да го однесете некаде далеку.

„За нас е важно нашите возила да бидат привлечни и за конструкторите на камп-опрема, како и на крајните потрошувачи. Новиот X-Class одлично се вклопува во нашата гама на продукти, и горди сме што го претставуваме првото вакво решение со Tischer и VanEssa, само два месеци по лансирањето на моделот“ – изјав Volker Mornhinweg, челникот на Mercedes-Benz Vans.

Кабината која ја подготвија инженерите на Tischer нуди многу простор, комфорен кревет и сè што е потребно за кампирање. Интересно е што нуди и кујна со место за седење за тројца, која може да се конвертира во уште еден кревент.

Вториот концепт е дизајниран од VanEssa и доаѓа со голем модул кој се извлекува и носи целосно-опремена кујна. Кујната вклучува фрижидер, место за готвење и миење, како и простор за сета опрема која може да биде потребна.

Пазарот за ваквите кабини е во пораст – па сосем е разбирлива одлуката на Mercedes-Benz да понуди ваков додаток за својот луксузен пик-ап. Тие веруваат дека има голем интерес за пик-ап камперска опрема, а теренските способности го прават ваквиот концепт уште поинтересен, бидејќи може да стигне на навистина недостапни места.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.