Сподели! ;)

На овогодинешниот CES во Лас Вегас, Hyundai ќе го претстави своето ново возило кое за погон користи електромотори и горивни ќелии.

Иако ни името не е објавено сега за сега, сепак од Hyundai најавуваат дека покрај новиот автомобил кој ќе дебитира во Лас Вегас, ќе видиме и грст нови технологии – меѓу кои и новите системи за автономно возење.

Интересно – од Hyundai најавуваат дека новиот FCEV (Fuel Cell Electric Vehicle) ќе има и интересен ентериер. Пристапот кој ќе го користат го нарекуваат Intelligent Personal Cockpit, и системот ќе користи вештачка интелигенција за да препознава витални знаци. Централната конзола ќе користи два дигитални дисплеи за да ги прикаже сите информации и за да се постигне ефект на авионска кабина.

Според некои гласини, новата технологија за придвижување на концептот работи со ефикасност од 60%, односно 9% подобро од системот во Tucson кој користеше горивни ќелии. Ова му овозможува на автомобилот автономија од преку 800 километри.