Сподели! ;)

KIA ќе го искористи Consumer Electronics Show саемот во Лас Вегас за да претстави концепт со кој ќе ја најави електричната изведба на моделот Niro.


Од KIA не кажуваат многу, но најавуваат дека концептот ќе користи „високо-ефикасен електричен погон“ и дека ќе нуди „досега невиден интерфејс меѓу човекот и автомобилот, и напреден нов систем за осветлување.“

Сепак, најверојатно Niro EV ќе го користи истиот погон кој го користи и електричниот Hyundai Ioniq. Niro EV ќе го препознаеме по изменетиот преден дел кој вклучува конектор за полнење, редизајнирани светла за магла и редизајнирани браници. Концептот ќе го видиме за само неколку дена, а серискиот автомобил се очекува до крајот на оваа година.