ПРЕМИЕРА: McLaren Senna – Супер-ексклузивен хипер-автомобил со 800 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: McLaren Senna – Супер-ексклузивен хипер-автомобил со 800 коњски сили!

Најновиот член на Ultimate Series возилата на McLaren го носи името на легендарниот F1 возач и со тоа ја покажува сериозноста на перформансите кои ги нуди!


Луѓето од McLaren го опишуваат новиот автомобил како најекстремниот уличен автомобил на брендот во неговата историја – а тоа значи дека иако Senna е развиен и наменет за тркачките патеки, сепак целосно легално може да се вози и на улиците.

„McLaren Senna е како ниту еден друг автомобил – персонификација на тркачката ДНК на McLaren, легализирана за користење на улиците но од самиот старт дизајнирана и развиена да доминира на тркачката патека“ – изјави челникот на McLaren, Mike Flewitt – „секој елемент од овој Ulimate Series McLaren е безкомпромисно фокусиран кон перформансите и внимателно изработен за да ја гарантира најчистата врска меѓу возачот и машината, и да понуди врвно тркачко искуство.“

McLaren Senna тежи само 1198 килограми, а благодарение на 4-литарскиот твин-турбо V8 располага со 800 коњски сили и 800 Nm вртежен момент. Ова резултира со 650 коњски сили на еден тон тежина, и иако од McLaren сè уште не ги објавуваат перформансите, се шпекулира дека Senna ќе може да забрза до 100 километри на час за 2.5 секунди и да постигне максимални 320 километри на час.

Доколку сакате да купите еден примерок – не можете. Ќе бидат произведени само 500 примероци, кои – погодувате – се веќе распродадени. Цената започнува од нешто над 850.000 евра, а последниот примерок е продаден на аукција за околу 2.2 милиони евра и парите ќе бидат донирани во Senna Фондацијата. Автомобилот ќе биде претставен „во живо“ на Саемот на Автомобили во Женева, а производството се очекува да започне во третата четвртина од следната година.

Поврзано:   McLaren го претстави отворениот Artura Spider



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.