Сподели! ;)

Јапонскиот премиум производител наскоро ќе лансира нов знаменосец во својата гама на SUV модели – и ќе го најави со концептот LF-1.


Lexus конечно ќе го замени стариот LX знаменосец (кој во суштина е ребрендиран Toyota Land Cruiser) со нов знаменосец – а концептот кој ќе дебитира во Детроит ќе биде најава за новиот, голем, луксузен SUV.

Концептот се вика LF-1 Limitless, и е развиен во соработка со CALTY, истите луѓе кои стојат позади Toyota FT-1. Според најавеното, Lexus планира да ги замени конзервативните линии на Land Cruiser со нешто многу, многу помодерно. Според она што го кажуваат од Lexus, новиот концепт е „следниот жанр во луксузните кросовер возила“ и нивниот знаменосец „ќе ги редефинира границите на луксузот“. Сега за сега не знаеме повеќе, но очекуваме Lexus да понуди освежена интерпретација на дизајнерскиот јазик кој ни е добро познат благодарение на NX и RX.

Има само уште еден месец до Саемот на Автомобили во Детроит, кога ќе дознаеме повеќе. Од она што можеме да го видиме, LF-1 Limitless ќе биде голем, купе-SUV придвижуван од хибриден погон со многу хај-тек опрема.