Volkswagen го претстави тркачкиот Polo GTI R5 со 272 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го претстави тркачкиот Polo GTI R5 со 272 коњски сили!

Иако се повлече од WRC, Volkswagen ќе продолжи да нуди тркачка верзија на Polo – базирана на најновиот модел и во согласност со R5 спецификациите.


Volkswagen Polo GTI R5 е предвиден да се натпреварува во R5 класата каде директни конкуренти ќе му бидат Citroen DS3 R5, Skoda Fabia R5 и Ford Fiesta R5. Во согласност со спецификациите, Polo GTI R5 е придвижуван од 1.6-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри кој испорачува 272 коњски сили и 400 Nm вртежен моемнт.

Моќта се пренесува кон сите четири тркала преку секвенцијален менувач со пет брзини и перманентен погон на сите четири тркала. Благодарение на сето ова, хечбекот тежок 1320 килограми забрзува до 100 километри на час за само 4.1 секунда!

Хомологацијата на новиот тркачки хечбек ќе биде завршена до следното лето, и првите испораки ќе започнат набргу потоа. Тркачкото деби се очекува на есен следната година.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.