Toyota FT-AC – Концепт за робустен компактен SUV – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota FT-AC – Концепт за робустен компактен SUV

Иако луѓето од Toyota кажуваат дека FT-AC е само дизајнерска студија, сепак е повеќе од извесно дека во следните 2-3 години ќе видиме сериски модел базиран на робустниот концепт прикажан во Лос Анџелес!


Ознаката FT-AC всушност значи Future Toyota Adventure Concept, и замсилата е да биде бензински SUV со напреден систем за дистрибуција на вртежниот момент. Серискиот автомобил најверојатно ќе биде поставен на TNGA платформата која веќе се користи за Prius и C-HR.

„FT-AC е наменет за Outdoor ентузијастите кои сакаат да уживаат во екстремни авантури за време на викендот“ – рече Jack Hollis од Toyota и додаде – „без разлика на патот, на активностите или на луѓето, FT-AC поттикнува автентична забава и дискусија.“ Како што можеме да видиме, концептот доаѓа со теренски пневматици, широки крила и добра оддалеченост од подлогата. Системот за погон на сите четири тркала се контролира преку систем кој овозможува заклучување на дистрибуцијата на вртежниот момент.

Интересен е и интегрираниот носач за велосипеди кој може да се скрие за само неколку секунди – со ова Toyota јасно ја нагласува целната група за овој концепт. Останува да видиме во која насока ќе се движи серискиот автомобил – но ако изгледа вака, Toyota ќе има вистински победник во своите раце.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.