Во Македонија пристигна новиот Volkswagen T-Roc – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Македонија пристигна новиот Volkswagen T-Roc

Во салонот на Volkswagen во Скопје веќе е изложен новиот кросовер на германскиот производител, кој се вика T-Roc!


Само неколку месеци по официјалното претставување, во Скопје пристигна новиот Volkswagen T-Roc. Целосно-новиот T-Roc ја дели платформата со Volkswagen Golf и поголемиот Tiguan, и може да се добие со неколку различни турбо-бензински и турбодизел мотори, како и со мануелен или автоматски DSG менувач со двојна спојка, и погон на предните или на сите четири тркала.

Цените за T-Roc започнуваат од 19.987 евра за T-Roc во основно ниво на опрема, со мануелен менувач, погон на предните тркала и 1-литарски TSI турбо-бензинец со 115 коњски сили. Врв на понудата е T-Roc Sport со DSG менувач, погон на сите четири тркала и 2-литарски TDI турбодизел со 150 коњски сили кој чини 31.861 евро. Инаку, T-Roc може да се нарача и со 1.5-литарски TSI Evo со 150 коњски сили, како и 1.6-литарски TDI со 115 коњски сили.

T-Roc го одликува храбар дизајн во однос на неговите поголеми браќа, а може да се добие во неколку различни комбинации од бои. Се надеваме дека ќе имаме можност подобро да го запознаеме.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.